Националниот парк на островот кенгуру во Австралија е речиси целосно уништен, а двајца луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да предизвикуваат хаос во земјата.
Властите соопштија дека изгореле околу 1000 квадратни километри околу Националниот парк на третиот по големина австралиски остров, кој се наоѓа југозападно од Аделаида.
Владата на австралиската држава Нов Јужен Велс вчера прогласи седумдневна вонредна состојба, со што на властите им се дава право за присилна евакуација на населението во погодените подрачја.
Во пожарите во Австралија од септември досега загинаа 20 луѓе, а над 1200 домови се уништени во државите нов Јужен Велс и Викторија.


