(Видео) Драма во Дебар Маало: Haпаднат претседателот на Регулаторна, во кафеаната забележан и синот на Муса Џафери

Покрај стандардната атмосфера со музика и песна, жителите на Дебар Маало вечерва биле вознемирени од индцидент кој што се случил пред малку во оваа скопска населба.

Според она што е објавено на социјалните мрежи и видеото кое веќе вирално се шири насекаде, доцна вечерва директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски бил нападнат во физичка пресметка во Дебар Маало.

Неофицијално тој бил нападнат во една скопска кафеана, а на лице место бил забележан и синот на познат политичар од редовите на ДУИ, Муса Џафери.

Според очевидците кои го снимиле настанот, полицијата веќе направила записник од инцидентот кој се случил пред малку .

https://twitter.com/i/status/1445516170061254665
https://twitter.com/i/status/1445516741883224073

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*