Покрај стандардната атмосфера со музика и песна, жителите на Дебар Маало вечерва биле вознемирени од индцидент кој што се случил пред малку во оваа скопска населба.
Според она што е објавено на социјалните мрежи и видеото кое веќе вирално се шири насекаде, доцна вечерва директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски бил нападнат во физичка пресметка во Дебар Маало.
Неофицијално тој бил нападнат во една скопска кафеана, а на лице место бил забележан и синот на познат политичар од редовите на ДУИ, Муса Џафери.
Според очевидците кои го снимиле настанот, полицијата веќе направила записник од инцидентот кој се случил пред малку .


