Конечно Австралија ги отвора своите граници

Конечно Австралија од почетокот на пандемијата ќе ги отвори своите граници. Од ноември навакцинираните граѓани ќе ја имаат повторно слободата да ги посетат своите роднини. Од март 2020 година Австралија воведе најстроги гранични правила на светот – на своите граѓани дури им забрани да ја напуштаат земјата. Оваа политика беше пофалена бидејќи помогна во сузбивање на ковидот, но сепак за последица имаше раздвојување на семејства.

  • Време е на Австралијците да им ги вратиме животите, рече премиерот Скот Морисон.

Луѓето ќе имаат право да патуваат кога стапката на вакцинирани ќе достигне 80%, рече Морисон. Сепак, странците нема да можат веднаш да допатуваат, но се работи на нови протоколи за наскоро да се пречекаат и првите туристи.

Во моментов, луѓето можат да ја напуштат Австралија само за неопходна работа или ако одат во посета на роднина кој е пред смрт. Влез на странци е дозволен, но под одредени услови и ограничени броеви. Поради ова, десетици илјади луѓе останаа во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*