Богородичниот или Успенскиот пост е единствениот, посветен на Богородица: започнува две седмици пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Богородичниот пост е исто строг, како и Великиот(Велигденскиот) пост: од понеделник до петок е строг пост, во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август). На самиот празник, 28 август, се блажи, освен ако празникот не падне во среда или петок, и во тој случај постот е олеснет со употреба на риба. Според црковното предание, Богородица дознала за своето преминување од овој свет и се подготвувала за тој премин со пост и засилена молитва, иако самата и немала потреба од очистување на душата зашто целиот Нејзин живот бил образ на светост и жртвеност. Затоа ние Православните го постиме овој пост во чест на Пресвета Богородица, за макар делумно да се угледаме на Нејзината чистота.Лесни и Богоугодни пости. По молитвите на Пречистата Богородица , за здравје и спасение да ни бидат…Амин.
ЛЕСЕН И ОД БОГА БЛАГОСЛОВЕН ПОСТ
Несудената конзулка Бесмира наплатила 12.000 евра од пет државни институции
Бесмира Ејупи, поранешна ТВ-презентерка која Владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала буџетски […]
Во Кочани падна 7ка на лото вредна 440.000 евра
Во 11тото коло од играта на среќа, Лото 7, во Кочани падна лото – премијата во вредност од 27 милиони […]
Премал беше плоштадот во Валандово да ги собере сите на настапот на Сузана Гавазова
Сузана Гавазова имаше свој концерт во склоп на Фолк фест Валандово на плоштадот .Овај настап на Сузана Гавазова која важи […]
ШТО ЌЕ НИ ДАДЕТЕ СЛЕДНО, ПЕРНИЦИ? Кличко ја исмева Германија поради нејзината бизарна помош (ВИДЕО)
Однесувањето на германската влада ме остави без зборови. Министерството за одбрана очигледно не разбра дека се соочуваме со совршено опремени […]