На 5 јули 2026 година, во срцето на Австралија, Прилепското друштво „Методија Андонов-Ченто“ – Сиднеј и Rockdale Ilinden Football Club организираат голем македонски собир исполнет со дружење, традиција и незаборавна атмосфера.
Ве очекува ден исполнет со:
🍖 Вкусна македонска скара и традиционални специјалитети
🍺 Ладно пиво и богата понуда на пијалоци
🎶 Македонска музика и весела атмосфера
👨👩👧👦 Дружење за целото семејство и сите генерации
Ова нема да биде само уште една забава, туку уште една можност Македонците во Австралија да покажат дека љубовта кон Македонија, традицијата и заедништвото никогаш не згаснуваат. Да се собереме под едно сонце, со македонско срце, да ги негуваме нашите обичаи и да им ја пренесеме љубовта кон татковината на помладите генерации.

🇲🇰 Кога Македонците се заедно – се слуша песна, се игра оро и се слави Македонија! 🇲🇰
📅 Датум: Недела, 5 Јули 2026
🕐 Време: 13:00 – 17:00 часот
📍 Локација: Rockdale Ilinden Sports Centre
📍 Адреса: 468 West Botany Street, Rockdale
Дојдете да наздравиме за Македонија, за пријателството и за нашите корени!
❤️💛 Македонија е таму каде што чука македонското срце! ❤️💛

