Голема чест и радост за Македонската заедница во Австралија! Македонскиот јазик ќе биде дел од новата австралиска антологија „Поезија на мултијазичните заедници во Австралија“ преку творештвото на членовите од Австралиското Македонско Литературно друштво „Григор Прличев“ – Сиднеј.
Со ова, нашиот јазик и култура уште еднаш добиваат заслужено признание и видливост на светска сцена, рамноправно со многубројните култури и јазици што ја градат современата мултикултурна Австралија.

Посебна благодарност до почесниот Шакет Моселмане и професорот Марк Трединик за иницијативата и поканата за учество во овој извонреден проект.
📖 Оваа антологија ќе обедини поезија на многу јазици, симбол на разновидноста, богатството и заедништвото што ја красат Австралија.
#Poetry #Multilingual #Diversity #Community #Literature #Macedonian



