Македонска експлозија во Грција: Македонците веќе не се плашат, грчките партии зависат од нив

Стравот е минато — денес Македонците во Грција сè појасно ја чувствуваат својата сила. Македонски активисти од Егејска Македонија алармираат за огромни промени кои, како што велат, јавноста во Македонија недоволно ги знае.

Во видео објавено на профилот Егејски Глас, активистите потсетуваат дека пред 35 години македонски песни се пееле само во четири села, а денеска македонска музика одекнува јавно во повеќе од 200 населени места во Егејска Македонија.

Годинава, прв пат здруженија на Македонци јавно го предупредија Атина да го запре притисокот на радикалните грчки организации врз македонските собири. Пораката е јасна: секој обид за притисок врз Македонците ќе се одрази директно врз грчките партии на изборите.

„Македонците ја разбраа политичката моќ што ја имаат на локално и национално ниво, и веќе не се плашат да кажат кој се обидува да ги замолчи,“ велат активистите.

Во последните години таканаречените панаѓури — собири со македонска песна и игра — се одржуваат дури и во села каде пред само една деценија тоа било незамисливо поради страв од одмазда на грчките власти.

👉 Изјавите на активистите може да се погледнат ТУКА.

А меѓу песните што се пеат на овие собири е и „Егејки мајки“ — песна која ја пренесува болката, но и гордоста на Македонците во Егејот:

„Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија,
мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*