Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот напад врз Украина е „можен во следните неколку дена“ и дека „сè укажува на тоа“.
„Ризикот од напад е многу висок затоа што не ги повлекоа силите.Напротив собраа повеќе армии.Покрај тоа имаме причина да веруваме дека се вклучени во лажна операција за напад која би им дала изговор за напад. Сите индикации се дека се подготвени за напад врз Украина“, рече Бајден.
Запрашан од новинарите дали се уште е можно дипломатско решение, Бајден одговори: „Да, тоа е можно. Затоа го испраќам Блинкен (шефот на американската дипломатија, оп.а.) во Њујорк за да се обрати пред Советот за безбедност на ОН. ” На прашањето дали планира да разговара со Путин, Бајден одговори не, објави Си-Ен-Ен.

