Дијана Хркаловиќ: Фатална полицајка која го штитела Беливук, сега Инстаграм ѕвезда обезбедувана од „гробарите“

На Хркаловиќ синоќа и беше одреден притвор од 30 дена и првата ноќ ја помина зад решетки, а едно време таа беше фатална жена која ја „тресеше“ српската полиција и се мешаше во сите најважни истраги. Неофицијално, во притвор се и десет полицајци, кои соработувале со Хркаловиќ, а кои се приведени за да не влијаат врз свеоци.

Во претходните месеци, нејзиното име се поврзуваше со криминалецот Дарко Елез и озлогласениот клан на Беливук, а во изминатите 15 години помина низ неколку драстични трансформации на имиџот. Низ сите тие промени во животот, таа секогаш одржуваше силни врски со навивачите од јужната трибина на стадионот на ФК Партизан.

Хркаловиќ стана многу влијателен државен секретар во МВР каде дојде во 204 година од Безбедносно информативната агенција. Во меѓувреме, таа влезе во политиката. Прво со Богољуб Кариќ како член на Движењето на силите на Србија, а потоа и со СНС.

Во тоа време е сосема друга личност. Намуртена, со неуредни фризури, груб тен, конзервативно облечена во темни комбинации. Закопчана до грло во секоја смисла. Таа не дава јавни изјави, а камоли да се снима, или да се смее. Во меѓувреме, дипломирала психологија. Се зборува дека била вклучен во сите важни истраги, честопати директно како иследник. Се уште ја следат гласини за поврзаност со јужната трибина и „гробарите“: подоцна, медиумите ќе тврдат дека во тој период таа одржувала врски со членовите на „кавачкиот“ мафијашки клан, но и со водачите на навивачите на „Партизан“ заглавени во најтешките злосторства.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*