Охридската фирма „Нефи ИК“ ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница

На почетокот на изградбата на новиот далновод во Битола денеска присуствуваше висока владина делегација, предводена од премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски, јави Тв Телма.

400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница, со кој ќе се поврзат електро-преносните системи на Македонија и Албанија, а е клучна алка во транзитот на електричната енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија. Инвестицијата е вредна 17 милиони евра, а покрај од Европската инвестициска банка, проектот е поддржан од ЕУ со грант од 12 милиони евра.

Премиерот Ковачевски потенцираше со реализација на овој проект се јакне преносната мрежа и се испраќа порака до инвеститорите за поволен амбиент во нашата земја.

Бизнисменот и поранешен советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, за кого имаше обвинение за насилство, но, познат и по својата дивоградба кај Чинарот, денеска застана рамо до рамо со владините претставници и останатите гости. Со камионот за малтер на фирмата „Нефи ИК“, сопственост на Усеини, се удри камен темелникот, а премиерот Ковачевски го стисна копчето по што потече бетон во градбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*