Го прашаа Ковачевски дали уште некој се вратил од странство за 18.000 плата? – Ковачевски: Не знам

Премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден беше прашан дали освен шивачот во компанијата „Текстил Солушн“ Полико Авдиу и во оваа фирма има некој од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000 плата.

– Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените  во некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, одговори Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*