Во Сиднеј ајкула уби пливач, плажите затворени првпат по 60 години

Неколку плажи во Сиднеј се затворени откако едно лице загина во напад од ајкула, што е прва таква смрт на градските плажи во последните 60 години.

Поставени се мамки за ајкули во близина на местото на нападот, додека со дронови се испитува дали ајкулата уште е во тоа подрачје.

Властите соопштија дека нападот се слушил на плажата Литл Беј, околу 15 км јужно од Сиднеј. Полицијата се уште не го откри идентитетот на загинатиот.

„Ова е голем шок за нашата заедница“,изјави градоначалникот Дилан Паркер за Reuters. „Нашиот брег е наш двор и трагичната смрт под такви ужасни околности е целосно шокантна“, изјави тој.

Биолозите од Одделот за примарна индустрија на Нов Јужен Велс веруваат дека ајкула долга најмалку 3 метри веројатно е одговорна за нападот, судејќи според снимка направена од местото на настанот. Ова е прв смртоносен напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година, покажаа податоците.

Властите издадоа наредба да не се влегува во вода, и покрај високите температури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*