На Балканот, „македонското малцинство“ е признаено од Република Србија и Република Албанија, наши соседни држави, но не е признаено од другите наши соседи, Република Бугарија и Република Грција.
Посебноста на Македонците во административниот регион Македонија, Република Грција, се потврдува со регистрирање на македонската политичка партија. Тоа е политичката партија Виножито, со седиште вo Лерин (Флорина) во 1994 година. Првиот конгрес на оваа партија е одржан на 30 мај 2004 година во Солун (Тесалоники). Во Лерин (Флорина) организира отворање на „Македонска куќа“. Со други македонски организации ги печати двојазичните списанија на македонски и грчки јазик: „Меглена“, „Зора“, „Нова Зора“ и „Лоза“. Амблемот на партијата Виножито е напишан на грчки, македонски и англиски јазик. Виножито симболично означува демократски мост на пријателство помеѓу Македонците и Грците во грчкото општество. Виножито е стремеж и надеж на Македонците лојални граѓани на грчката држава.
Сегашноста дава можност „македонското малцинство“ да се признае од нашиот јужен сосед Република Грција. Денес ние, Македонците со чест и достоинство потписници на пораката, бараме да се признае „македонското малцинство“ во залог на нашата заедничка демократска иднина и напредок на Балканот, кој е составен дел на Европа.
Патот е заеднички трасиран со Повелбата од Сан Франциско (1945 г.) и Универзалната декларација за човекови права од Њујорк (1948 г.), донесена од Организацијата на Обединетите нации, и со Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи, донесена во Рим (1950 г.) од Советот на Европа.
Се надеваме дека со гестот на добра волја од наша страна за меѓусебно разбирање, градиме иднина на пријателство на нашите народи!
БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ДА ГО ПРИЗНААТ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО!
Педесеттина исчезнати откако потонал брод кај Сенегал
Речиси 50 лица се водат како исчезнати по потонувањето на брод во кој имало 60 луѓе во близина на северниот […]
ГРЧЕВИТЕ ВО НОЗЕТЕ Е ОПАСЕН СИМПТОМ: Еве на што укажува болката во лисјата и бутовите!
Повремено стегање или грчеви во потколеницата, кое може да се прошири и до бутот, може да настане поради недостаток на […]
ВО КОИ ХОТЕЛИ И МОТЕЛИ ЌЕ СЕ СМЕСТУВААТ АВГАНИСТАНЦИТЕ: Хотелиерите бараат само да им се плати
Засега 450 цивилни граѓани од Авганистан треба да се сместат во хотели и мотели во земјава, а според последната владина […]
Јужнокорејски Рамбо кој отишол да се бори во Украина очајно бара помош да побегне од фронтот
Популарниот јутјубер од Јужна Кореја Кен Ри се обидува да побегне од Украина десетина дена откако отиде таму со цел […]