Македонија веќе долги години тргни па застани пред портите на европското семејство, по седмите локални избори и поднесената, но и одложена оставка на премиерот Зоран Заев, во декември се наговестува евентуален датум за преговори, додека дома на политичка сцена се бара чаре за состојбата со политиката и севкупните случувања, во соседна Бугарија пак претседателски и парламентарни избори – дали почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ зависи од следната бугарска влада?
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој е и кандидат за втор мандат за шеф на државата, на ставот дека членството на Македонија во ЕУ зависи од самата држава, но не и од следната бугарска влада.
Радев дополнително вели дека клучно за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ е почитување на правата на македонските Бугари, искоренување на јазикот на омразата како и прекинување на обидите за системско уништување на културното и историско бугарско наследство.
„Почетокот на преговорите нема да зависи од идната нова влада и нов парламент, туку најмногу од самата Република Северна Македонија, која треба да преземе соодветни дејствија. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје, а не со лобирање во европските престолнини, ќе изградиме искрени пријателски, како што очекуваат луѓето од двете страни на границата“ – изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Холандскиот премиер Марк Руте, при неговата прва официјална посета на Македонија, истакна дека земјава заслужува да ги почне преговорите со Европската Унија, но и дека се надева дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.
Руте, дополнително во неговата порака подвлече дека неговите колеги во ЕУ го делат ставот дека билатералното прашање меѓу Софија и Скопје не треба да е пречка за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.


