Вчерашниот ден пред гласањето на недоверба на Владата на Зоран Заев го одбележа посетата на холандскиот премиер на Македонија, Марк Руте.
Никој со сигурност не може да ги потврди намерите на Руте за оваа посета во време на голема политичка криза на државата и најавена оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Заев, но истата вроди со големи сомнежи кај пошироката јавност.
Она што е навистина шокантно е профилот на Кастриот Реџепи на социјалната мрежа Линкд Ин на кој што стои дека тој е вработен во Амбасадата на Република Холандија како конзуларен асистент oд 98 година.
Овие информации сега за сега се неофицијални, а се чека потврда од Холандската амбасада.



