(Фото) Реџепи работел во Холандската амбасада? – Пратеникот на Беса иcчезна по посетата на Руте на Македонија

Uncategorized

Вчерашниот ден пред гласањето на недоверба на Владата на Зоран Заев го одбележа посетата на холандскиот премиер на Македонија, Марк Руте.

Никој со сигурност не може да ги потврди намерите на Руте за оваа посета во време на голема политичка криза на државата и најавена оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Заев, но истата вроди со големи сомнежи кај пошироката јавност.

Она што е навистина шокантно е профилот на Кастриот Реџепи на социјалната мрежа Линкд Ин на кој што стои дека тој е вработен во Амбасадата на Република Холандија како конзуларен асистент oд 98 година.

Овие информации сега за сега се неофицијални, а се чека потврда од Холандската амбасада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *