Во Полициска станица Прилеп денеска повикан е И.Ј. (32) од Прилеп, активистот на Левица кој беше дел од герила акцијата на партијата на Могила на 11 октомври. Информацијата ја потврди и МВР.
Активистот е повикан поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопшти МВР.


