МАКЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ЗВУКОТ НА ПРЕДЦИТЕ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ГАЈДАТА ЌЕ ОДЕКНЕ ВО СКОПЈЕ

На 10 март, кога светот го одбележува Светскиот ден на гајдата (Цутар), Македонија повторно ќе покаже дека е земја на богата традиција, длабоки корени и непресушна љубов кон народната музика. Во трговскиот центар Skopje City Mall, со почеток во 18:30 часот на приземјето, ќе се одржи несекојдневен културен настан посветен на еден од најпрепознатливите симболи на македонската музичка традиција – македонската гајда.

Настанот е во организација на Ансамблот „Стефче Стојковски“ и фестивалот „Гласот на Гајдата“, а ќе донесе вистинска музичка свеченост исполнета со звуците на ова древно македонско музичко богатство.

На сцената ќе настапат ученици, студенти и познати уметници – гајдаџии од повеќе региони на Македонија, кои преку своите изведби ќе ја пренесат магијата на гајдата – инструмент кој со векови ги следи радостите, прославите и традициите на македонскиот народ.

Посебен момент на оваа вечер ќе биде настапот на најмладите членови на Ансамблот „Орце Николов“, кои ќе изведат две кореографии придружени со звукот на гајдата, покажувајќи дека македонската традиција живее и се пренесува на новите генерации.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на македонската култура, музика и фолклор да присуствуваат на овој уникатен уметнички перформанс и заедно да ја почувствуваат силата и емоцијата на звукот на македонската гајда.

Овој настан има посебно значење за Македонија и за македонскиот народ, бидејќи претставува силна афирмација и популаризација на македонската гајда во светски рамки. Звукот на гајдата не е само музика – тој е глас на историјата, симбол на идентитетот и душата на Македонија.

Кога ќе засвири гајдата, се будат спомените, традицијата и гордоста на еден народ кој знае да ја чува својата култура.

Македонија вечна – Македонците единствени! ❤️💛❤️

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*