Денес славиме роденден на човекот кој со своето творештво остави длабока трага во македонската фолк музика и кој, иако живее и твори во далечната Австралија, со срце и душа пулсира за Македонија.
Дали знаевте дека токму тој е автор на песните:
„Маре бела Маре“,
„Во недела свадба правам“,
„Чеда на Александар“,
„Денес пијам, пејам“ –
само дел од неговите бројни хитови што денес се пеат на свадби, веселби и сцени каде што се вее македонското знаме?
Неговите композиции не се само песни – тие се аманет, сведоштво и жив доказ дека македонската песна нема граници. Оригиналните верзии, како што самиот открива, првпат биле изведувани на фестивали во Австралија, во интерпретација на македонски пејачи од дијаспората. Така, далеку од татковината, се раѓале мелодии што денес се пеат со гордост и во Македонија и ширум светот.
Во време кога асимилацијата демне, а корените лесно се забораваат, творци како него се вистински чувари на идентитетот. Преку песната, тој ја пренесува љубовта кон Македонија на новите генерации, покажувајќи дека каде и да сме – Македонија живее во нас.
Нека му е честит роденденот!
Му посакуваме здравје, сила и уште многу години инспирација – да продолжи да твори, да создава и да ја збогатува македонската музичка ризница.
Зашто додека се пее македонската песна – ќе живее и Македонија! 🇲🇰🎶

