Ресторанот на Рене Реџепи од Тетово е избран за најдобар во светот

Ресторанот НОМА на нашинецот од Тетово, Рене Реџепи, синоќа беше избран за најдобар во светот, пишува Алсат.

Веста беше објавена преку социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм, од официјалната веб -страница на самиот ресторан. На сликите што беа претставени на социјалните мрежи, се гледа персоналот на ресторанот НОМА, која ја слави оваа голема победа.

Ресторанот на четириесет и тригодишниот Рене Реџепи беше избран прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот, долгоочекуван кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана. Настанот се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.

Видеото како ја прославија победата славениците погледенте го на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*