Ова е Битола. Ова сме ние – ангелската војска. Со насмевки на лицата, додека дождот нежно ни ги милуваше грлата, со радосен лик и срца полни светлина, гласот одекна до небесата.

И покрај временските услови, речиси 4.000 присутни чекореа како едно по битолските сокаци – тивко, достоинствено и со вера што не се поколебува. Битола покажа дека кога срцата се обединети, ниту дождот, ниту студот не можат да ја сопрат духовната сила.

Зашто љубовта кон Христа е посилна од секое „невреме“. Таа љубов ги водеше чекорите, ги осветлуваше лицата и ја претвори оваа ноќ во сведоштво за верата што живее и трае.



