„Имат немат“ се враќа во Охрид по успешната прва австралиска турнеја

Синоќа, по пауза од речиси еден месец поради првата австралиска турнеја, музичкото шоу „Имат немат“ повторно се снимаше во ИН продукција во Охрид. Атмосферата беше прекрасно расположена, со весела музика и позитивна енергија, а на сцената настапија како веќе познати, така и нови пејачи.

Првата турнеја во Австралија беше голем успех, а „Имат немат“ веќе најавува продолжување на турнеите, за радост на македонската дијаспора ширум светот. Емисиијата се смета за една од најгледаните, особено кај дијаспората, а во Австралија, каде конкуренцијата е голема, се емитува на сателитската телевизија ИН ТВ Австралија.

Следуваат нови настапи и музички изненадувања, со кои „Имат немат“ продолжува да ја слави македонската музичка сцена и да ја пренесува домаќинската енергија на сите гледачи, без разлика каде се наоѓаат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*