ДРАМАТА ВО БАР СЕ УШТЕ ТРАЕ: Банката под опсада, вооружениот се заканува – „Подготвен сум да го дадам својот живот“/ВИДЕО

Мажот кој е идентификуван како Един Бегзиќ од Бар се заканува дека ќе активира експлозив пред филијалата на НЛБ банка во тој град, поради што полицијата го евакуирала делот на улицата Маршал Тито во строгиот центар на градот.

Бегзиќ утрово на зградата ги залепил натписите „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“ и посочи дека ќе ја преземе банката додека не им се вратат парите на работниците.

Според досегашните информации, во банката нема вработени, но дел од градот е блокиран од силни полициски сили и противпожарната единица.

Бегзиќ претходно објави видео на Јутјуб во кое вели дека има оклоп, маска за солзавец молотови коктели, пиштол со куршуми и две рачно изработени експлозивни направи на далечински управувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*