И оваа година, по 21-ви пат, живописното планинско село Куратица ќе биде домаќин на уште едно незаборавно дружење, каде што бројни иселеници, жители и пријатели на селото ќе се сретнат повторно со своите најблиски – токму во родното огниште.
Овие традиционални средби, кои се одржуваат секоја година, стануваат сè помасовни и повпечатливи, обединувајќи генерации на Курајчани и нивни пријатели во атмосфера на љубов, почит и радост.
Настанот ќе се одржи во сабота, на 26 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, на познатата локација Курајчко Сретсело. Покрај прекрасниот природен амбиент, чистиот воздух и планинскиот мир, посетителите ќе уживаат и во богата трпеза, пијалоци и музичка забава со познатите Здраве Мјузик.

Резервацијата изнесува 1000 денари, а организацијата е во рацете на Месната заедница Куратица, која ве поканува со отворени срца и порака:
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
📞 За резервации и информации:
Никола – 075 718 550
Гоце – 071 256 125



