Пораснавме во Сиднеј, но се одлучивме за фарма во село Зрзе

Да се одгледува домашни животни е обврска, а не само задоволство. Меѓутоа за да уживаме во животот треба да ги извршуваме работните обврски кои не прават среќни. Со нашето мислење ќе се согласите откако ќе ја прочитате приказната за браќата Михаил и Кристијан, кои родени во Скопје и израснати во Сиднеј, Австралија се одлучиле да отворат своја фарма во село Зрзе, за кое селце велат дека е природниот рај на земјата.

Кристијан кој ни ја раскажа животната приказна и мотивот да се посветат на одгледување кокошки пуштени на отворени пасишта вели дека го одбрале селото Зрзе поради фактот дека нивната мајка Ружица потекнува од ова место, а кое е чисто и опколено со прекрасна природа.

Идеата да отворат сопствена фарма на која ќе се огледуваат кокошки пуштени на отворени пасишта дошла откако се одлучиле дека им треба здрав и посмирен начин на живеење. Што би рекле другите „живот на село”. Целта им била да се вратат на првобитниот начин на живот кој го живееле нивните предци, од посмирено темпо, здрава локална храна, чист планински воздух, изворска вода до помалку гужва.

За село Зрзе велат дека е доста чисто и има прекрасна природа, но додаваат дека овде се наоѓа и прекрасниот манастир Св. Преображение, кој е популарна атракција за туристите што значи добар потенцијал за развој.

повеќе на https://kajak.mk/post/2b454c71-porasnavme-vo-sidnej-no-se-odluchivme-za-farma-vo-selo-zrze?fbclid=IwAR2UhaGUEAHlGsZxMzBTrluCVxY9yEjW5yRgRZYcuJCWg-UdsYu9W2wO0F8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*