Се снимаше финалето на Македонското талент шоу ,сите награди доделени освен една најголемата!

Веќе е снимано финалето на Македонското талент шоу Нови и млади на Тв ќе биде емитувано на 15 ти Јуни на Сателитската ИНТВ ,Националната ТВ Сонце и сите регионални ТВ. Прогласени се победници од Публика и од Зири комисијата ,посебно најтешка задача имаше жири комисијата затоа што имаше 20 финалисти и сите се покажаа во најдобро светло прво,второ , и трето место ги делеше само по еден бод .а жирито на секоја песна даваше поени од 1 до 10. Првото место доби парична награда од 2300 долари ,второ 1500 и трето 800 долари, а главната награда всушност и не е доделена сеуште,главната награда е Австралиска турнеја и продукцијата одлучи оваа награда да ја додели на онај учесник во финалето кој најдобро ќе напредува во кариерата.

Сите 20 учесници потпишаа договор со ИН продукција за лојалност и понатамоша нивна промоција.

Жири комисијата беше петчлена и тоа Златко Миладиноски композитор ,Соња Дојчиноска водител и текстописец ,Дарко Стојаноски -пејач Злате Котевски прецедател на TOŠE – Australian Macedonian Dance Ensemble Inc. и Лазе Наумовски преставник од ИНТВ Австралија и Majestic Caravan фирма која ги доделуваше паричните награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*