Русија бара итна средба: „Масакрот е одвратна провокација на украинските радикали“

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, во врска со обвинувањата дека е одговорна за масакрот на цивилите во Буча кај Киев. Москва бара денеска (понеделник) да се одржи вонреден состанок на Советот за безбедност.

Русија е постојана членка на тоа 15-члено тело.

Москва како причина за свикување итен состанок ја наведе „грозоморната провокација на Украина“ за злосторството во Буча.

„Во светло на грозоморната провокација на украинските радикали во Буча, Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН во понеделник, на 4 април“, објави на Твитер Дмитриј Полански, заменик претставник на Русија во Советот за безбедност.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, додаде дека на средбата ќе се разговара за „обидите на Киев да ги прекине мировните преговори и да ескалира насилство преку провокација во Буча“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*