На 61 година почина македонскиот виртуозен хармоникаш МАЕСТРО МИЛАН ЗАВКОВ

Плоден музички творец, врвен инструменталист и композитор, првенецот на македонскиот ансамбл Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, еден вистински скромен и прекрасен човек. Маестро Милан Завков на нас, Македонците ни остави во наследство над 150 музички хитови и безброј инструментални дела, ора, чочеци. Соработуваше и компонираше со најголемите македонски изведувачи на македонската песна, од него се композициите Нема друга Македонија, Лична Јовано, Лазарополе, Камен да беше срцево, Пат за Стамболград, Свири мајсторе , како и многу други прекрасни македонски песни…..Поклон пред неговото музичко-уметничко творештво и неговата виртуозност со која ја збогати македонската народна и национална ризница на музичкото творештво.ВЕЧНАЈА МУ СЛАВА И ВЕЧНАЈА ПАМЈАА НА МАКЕДОНСКИОТ ВИРТУОЗ – МИЛАН ЗАВКОВ

АВСТРАЛИСКА ТУРНЕЈА СО ХИТМЕКЕРОТ ЦАКИ КИСМИ И АНЃЕЛСКИОТ ГЛАС ЈОВАНА БОГДАНОСКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*