Македонија е лидер во регионот по бројот на вакцинирани граѓани,ама и лидер по заразени и смртност!

Македонија е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината во последниот месец и половина, според Министерството за здравство.

Според последните податоци, помеѓу 5 јули и 24 август, бројот на администрирани дози на 100 жители во земјата се зголемил за повеќе од 14 проценти, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно покажува зголемен интерес за имунизација.

Во истиот период, веднаш пo Македонија сe Косово со 10,64%, Албанија и Грција со 8,61% и Црна Гора со 8,04% зголемен процент на вакцинирани граѓани со најмалку една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95%, додека во Словенија 6,9%.

Најмалиот напредок во регионот, забележан од 5 до 24 август, е во Србија, т.е. 2,49%, а во Бугарија има само 1,66% зголемена стапка на вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*