МАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА ВЕЧЕР ВО МЕЛБУРН

30 јули 2022 година, Мелбурн, Австралија – Во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, денес во Мелбурн беше одбележан Денот на државноста на Македонија – 2 август Илинден.По интонирањето на македонската и австралиската национална химна, свештеници на Македонската православна епархија за Австралија одржаа панихида за сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија.За Македонската вечер беше приредена богата културно-уметничка програма, со македонска кујна и македонски народни песни и ора.Поздравно обраќање до Македонската вечер упати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.- Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не снема. Затоа и покрај се’ и после се’, повикуваме на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот, – апелираше претседателот на СМК, Тодор Петров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*