Дебитантката на Макфест Елена Наумова предлага паричните награди од фестивалот да бидат донирани на тешко болната Соња.

Дебитантката на Макфест  Елена Наумова предлага паричните награди од фестивалот да бидат донирани на тешко болната Соња Митева од Штип

„Сакам да апелирам за сите кои ќе бидат победници да ги донирате парите за Соња која има две деца и е тешко болна. Таа е наша сограѓанка и би сакала да се донираат парите за нејзино лекување“ изјави Елена Наумова-пејач

Во врска со предлогот организаторите на Макфест се со следниот став

„Мојот коментар е дека фестивалот си има правилник и за тоа треба да одлучат тие што ќе ги добијат наградите“ изјава Владимир Дојчиновски-директор на Макфест

Иако начелно расположение кај повеќемина учесници на Макфест има во овој момент е неизвесно дали победниците ќе го послушаат хуманиот апел на пејачката од Штип Елена Наумова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*