Поплавите во Австралија раселија илјадници луѓе

Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денес побараа од илјадници луѓе да се евакуираат откако водата од поплавите навлезе во населените области,

„Кога ќе ги погледнеме поплавите во моментов во подрачјето на Сиднеј, населението на Хоксбери и Камден всушност се соочи со поплави во повеќе наврати“, изјави Тул.

Од државниот Оддел за итни случаи побараа жителите кои живеат покрај реките Хоксбери и Непин да ги напуштат сцоите домови и да се засолнат во назначените центри за евакуација.

Околу 1.600 луѓе се евакуирани од вчераутро, соопштија од Одделот за итни случаи.

Карго брод со екипаж од 21 лице исто така изгуби контрола во близина на Кралскиот национален парк, јужно од Сиднеј.

Властите започнаа операција за пребарување и спасување со помош на хеликоптер, јави „Еј-би-си њуз“.

Ова е четвртиот бран поплави во Нов Јужен Велс во последните 18 месеци.

Во март, најмалку 12 луѓе загинаа, а стотици имоти беа оштетени поради силните поплави.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*