Китески доаѓа од редовите на вработените во општинската администрација и по професија е правник. Во Локалната самоуправа е вработен од 2013 година во Сектор за правни работи со положен правосуден испит. Во период од јули до ноември 2017 година работи како в.д директор на „Охридски комуналец“, а во периодот од 2014 до 2017 година бил овластено лице во Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид. Претходно, во периодот од 2009 до 2013 година работи во АД „ЕМО“ Охрид, а од 2008 до 2009 година во адвокатска канцеларија „Кичеец“.
Александар Китески е роден 29-ти декември 1985 година во Охрид. Завршил средно економско училиште во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. Тој е оженет и е татко на две малолетни деца.

