Последниве денови се изнаслушавме околу средбата на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Кирил Петков.Едни велат: Ќе има позитивна разрешница, ако се појде од добрососедските односи, економски причини, меѓусебна соработка и тн.Други пак велат дека ќе биде тешко, а можеби ќе трае не со месеци, туку и со години.Овде, како историчар кој лично сметам дека добро ја познавам историјата помеѓу овие две држави, сакам да го напоменам следново:Бугарија никогаш не се откажала од територијални претензии кон Македонија. Тоа го докажала пред Балканските војни, за време на Балканските војни, во време на Првата светска војна, Втората светска војна и окупацијата на Македонија, но и од осамостојувањето на нашата држава, па сè до денес.Да се потсетиме само што зборуваа бугарските политичари во последниов период за Македонија, дека истата е најромантичарска земја на Бугарската држава. Ја признаа Македонија како територија, но не и постоењето на македонскиот народ. Ваквата политика е влезена во сите пори на општествениот и политички систем во бугарското општество, особено преку изучување на историјата во нивните основни, средни и високо образовни институции. Поради сето ова, тешко е на обичниот бугарски народ да му се објасни историската вистина за Македонија. Македонија отсекогаш се борела за создавање на сопствена држава, па дури и како автономија во рамките на Отоманската империја, притоа формирајќи разни политички организации, здруженија, разни кружоци и друштва…Проблеми имала тогаш, како од внатре, така и од надвор. Поддршка никогаш немала од влијателните држави, единствената поддршка која ја имала била таа од Коминтерната (комунистичките партии 1934 г. – признавање на македонска нација). Најтешко на македонскиот народ му било кога почнале да се формираат разни политички партии од типот на ВМРО, предводени од Тодор Александров и Ванчо Михајлов, од чии раце изгинаа видни македонски дејци и револуционери. Од нивните злосторства се згрозуваше и тогашна Европа. Последната средба на Петков со политичките лидери на ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ, за мене се голема тајна познавајќи ја досегашната политика на соседна Бугарија. Што се крие зад овие разговори за кои ние како граѓани немаме никаква информација, допрва ќе видиме. Не случајно се вели ,, Не верувај на Данајците и кога дарови ти носат”, затоа што за овие неколку века Бугарија се покажа како ,, голем пријател”.Се плашам колку добро или лошо ќе биде ставањето на ,,македонските бугари” во Уставот на нашата земја. Признавањето на национално малцинство бугари ќе донесе далекусежни последици за нашата држава. Тоа ќе значи формирање и на политичка бугарска партија во Македонија. Да не заборавиме дека по поразот на Бугарија во Втората светска војна, тогашното државно раководство во 1946 г. призна постоење на македонско национално малцинство во Бугарија. Македонците ги уживаа малцинските права, признат беше македонскиот јазик и историја, се одвиваше настава на македонски јазик и одреден број македонски учители заминаа за Бугарија.За потребите на тамошните македонци, излегуваше весникот ,,Нова Македонија”, а за младите и учениците весникот ,,Млад борец”.Ова траеше до резолуцијата на информбиро, а од 1958 г. се укинати сите права, затоа што македонците ,,мораа” да се декларираа како бугари.Е, ова е политиката на тогашна и сегашна Бугарија. ,,Волкот влакното го менува, а табиетот никогаш”
Македонски професор по историја вели,Што е многу, многу е!
“Бомба” од руската сенаторка: Модифициран вид туберкулоза се ширел во Украина преку фалсификувани банкноти?
Руска сенаторка: Има траги на биотероризам во акциите на Украина! Сенаторката во Советот на Федерацијата Јарова рече дека во последните […]
Одбележан 40 годишниот јубилеј – архиерејска служба и 75 години од раѓањето на Митрополитот г. Петар
На 08.11.2021 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитриј Басарабов и Преподобниот маченик Јоасаф, а по повод 75 годишниот […]
Бројката се зголемува: 386 бегалци од Авганистан ќе бидат во Македонија
Министерот за надворешни работи информира дека од Националниот демократски институт е стигнато барање за привремено сместување на дополнителни 200 цивили, […]
А КАКО ТОА НЕМА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА СЛИКА ОД “МАСАКРОТ ВО БУЧА“? – РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА Е НАМЕСТЕНА – НЕ ГО БОМБАРДИРАВМЕ БУЧА!
Министерството за одбрана на Руската Федерација ги отфрла обвинувањата на режимот во Киев за наводно убиство на цивили во селото […]