Котлар му порача на Шулц: Земи си ги со тебе „храбрите“ политичари, ние и со датум, и без датум, секој ден умираме!

Uncategorized

Историчарката Наташа Котлар му порача на германскиот канцелар Олаф Шулц да си ги земе со него „храбрите“ политичари, затоа што дека и со датум, и без датум, секој ден умираме!

„Среде Скопје Шулц е воодушевен од храброста на македонските политичари, која тие, пред неколку години, силно ја вложиле за надминување на проблемот со Грција. Затоа, сега тој ни ветува дека ќе добиеме датум за членство во ЕУ!

Искрено му порачувам, а чуму ни е датумот, па ние (Македонците) и со него и без него, секој ден умираме, исчезнуваме! Нека си ги земе со него „храбрите“ политичари, нам на Македонците, ни требаат умни, чесни и разборити! Еве да го потсетам на еден таков умен политичар (баш германски) – на првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на СР Германија во Република Македонија – Ханс Лотар Штепан.

Тој многу умно, велеше: „Сите народи во светот го имаат тоа право [на самоопределување], така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша… Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“ Е, ваков политичар ни треба, а потоа може и датумот да ни го ветат!“, напиша Котлар на фејсбук.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10159665013778070&set=a.10151185016038070&type=3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *