Апасиев: Талат стори кривично дело и целосно го изгуби кредибилитетот

Uncategorized

Лидерот на Левица Димитар Апасиев бара поддршка од тројца пратеници за да поднесат барање за интерпелација против собранискиот спикер Талат Џафери откако тој синоќа ги заклучи пратениците во пленарната сала.

-Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација. Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот, објави Апасиев на неговата фејсбук страница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *