Еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ, го промовираше спотот за најновата песна која ја подготви периодов, а која што носи наслов “Прелетај соколе”.
Зад текстот се потпишува младиот и веќе докажан текстописец Александар Стевановски, музиката е дело на Ѓоко Јовиќ, а аранжманот го направи Дамир Имери.
Видеото за оваа песна се снимаше на повеќе локации во Скопје и околината, а спотот и овојпат го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција.



