Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека се заклучени во Собранието, откако претседателот на Собранието во еден дел од седницата рече „затворете ја вратата“. Но проверката на 4NEWS.mk вечерва покажа дека нема пратеници во Собранието и дека сите ноќта ќе ја поминат во своите домови. Со тоа значи дека веќе нема „заклучени“ пратеници во Собранието.




Во Собрание попладнево беше тензичко.
„Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, приложувајќи снимка од моменталната ситуација во македонскиот парламент.
https://www.facebook.com/watch/LefkovMile/


