ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Соборот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со таканаречената Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“. Така е решен спорот, кој датира од 1967 година, а кога таканаречената Македонска православна црква се одвои од СПЦ.

Пред ваквата одлука на Соборот, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација, а плодовите од таа комуникација вродија со денешната одлука на Соборот.

МПЦ-ОА не планира одржување заедничка света архиерејска литургија со СПЦ

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград.

Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“.

Извори на МИА во МПЦ-ОА, посочуваат дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници.

Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј,  изворите на МИА од нашата Црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано.

Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*