Срцето ми потона од тага кога ја видов баба Ѓеорѓина дека плаче на каса во маркет: Сосетката имала само 49 денари во себе, не и стигнале да си купи зејтин

Живеам во соседството на една сосетка која навистина е мила, културна, вистинска дама, постара госпоѓа, некои би рекле „бабичка“ која сепак не се дава на годините и ужива и во својот „пензионерски“ живот, оној во кој наводно велат требало да се ужива во природата, во дружба и релаксирана атмосфера со внуците.

Сепак, баба Ѓеорѓина и покрај толку вредна, после неколку години, како и заминување на своите од државата, остана сама. Високите трошоци и поскапувањата си го носат својот товар на секој човек, а посебно на оние кои мораат да го издржат месецот со пензија од 200 евра.

После долго време видов дека нешто се случува со баба Ѓеоргина. Имено, таа обично не беше таква повлечена, сакаше да отпоздрави секого со насмевка, а во изминатиов период избегнуваше да се поздрави со соседите, се повлекуваше настрана а се отпоздравуваше климнувајќи со главата.

Тоа значеше дека нешто се случува, а во текот на вчерашното утро тоа ми се потврди. Отидов во маркет, а таму ја видов баба Ѓеорѓина на каса. Имаше купено неколку работи. Сунѓер за во кујна, сјај за садови, леб, паштета и сокче. Отиде до каса и ја праша продавачката: Се извинувам, може да ми кажете колку ќе ме чини ова за да знам дали ќе ми останат пари за останатото? И кажаа дека и остануваат уште 49 денари. Таа направи израз на разочараност, нешто како да ја мачи. Се повлече назад и рече. Добро, доволно е.

Излезе надвор, а после неполни 30 секунди излегов и јас. Ја стасав. Беше седната на клупата пред зградата и плачеше и гледаше надолу. Се размислував што се случува со неа. И се доближив и ја прашав: Баба Ѓеорѓина извини што те вознемирувам, дали си добро, што се случува?

Ништо синко, ништо, одговори тивко и срамежливо.

Јас инсистирав и покрај тоа што знаев дека и е незгодно да ми каже што и се случува. Претпоставив дека и требаат пари. Ми рече: Искрено синко, немам пари во мене. Ова ми се последните 45 денари, а сакав да земам зејтин за да можам да имам јадење и за утре. Нема да ми стасаат овие пари за 3 дена. Зарем се живее со 45 денари за три дена, ми рече. Се вознемирив и не знаев што да кажам, но веднаш реагирав и и укажав дека нема да остане тоа така. Извадив 500 денари и ги дадов и и реков дека ќе се вратам веднаш. Отидов до прадавница, земав зејтин и зеленчук, купив и едно сокче плус, но и една бомбоњера. Се вратив и ги дадов и и реков. Ако има некаков проблем слободно побарај ме. Можеби секогаш нема да можам, но за лебче нема да оставам така да не помогнам.

Нејзиниот одговор беше дека и е многу незгодно но дека ова е поради ситуацијата со децата, кои во моментов не можеле да и помогнат никако поради тоа што имале проблеми, а нејзината пензија била премала за да го истера месецот.

Ова нека биде поука. Едно кафе наше помалку, 100, 200 или 300 денари можеби нема да ни значат многу, но некому ќе му значат многу. Да помагаме сегде кај што можеме, секогаш кога можеме

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*