Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.




Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.




По тој повод се огласија од РПЦ.




Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.




-Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да ѝ ги признаваме ексклузивните канонски права во Северна Македонија, рекол тој.


