4 јули 2022 година, Мелбурн, Австралија – Во чест на Свети Јован – Иванден Манастирската слава во Беранци и 50 години од постоењето на социјалното друштво Беранци, во Мелбурн Австралија се одржа традиционалниот Берански бал.Вечерата ја благослови протојереј Тоне Гулев.Забавата која се одржа во “Ferraro Reception“ беше прекрасна, благодарение на сопствениците Мендо и Менка Димовски.Имаше богато македонско мени и македонски песни и ора. За многаја лета и здравје на сите.

