Упорно ја буткаат за амбасадор,ниту Турција не ја сака Арифи за амбасадор!

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.

Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени.

Претходно таа беше непожелна за амбасадор и во САД и во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*