БИТИЌИ: СЕ СПРАВИВМЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ГО ЗАШТИТИВМЕ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ

– „100 дена Влада“ се одлична можност за прва проверка на сработеното и дали патеката по која одиме е планираната и претходно замислената и ветена пред граѓаните. Пред граѓаните треба да сме отчетни но и реални… овие 100 дена се веројатно едни со најголеми предизвици и вистината е дека и следните 100 дена, а и тие по нив, ќе треба и ќе се справуваме со истите.

Важно е да се каже и сите да запаметиме, успешно се справуваме. Успеавме да останеме солидарни и никој да не биде изоставен како и да ја задржиме стабилноста на нашата економија без да ги нарушиме нашите социјал-демократски вредности. Успеавме да ги задржиме нашите работници на своите работни места како и да ја одржиме ликвидноста на компаниите, односно економијата што се потврдува со остварените приходи на крај на февруари кога беа за 14% повисоки од истиот период лани, а на крај на март беа 16,86% повисоки од минатата година. Овој тренд се задржува и во април месец. – рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*