Рубљата повторно на курсната листа на НБРМ, 1 рубља чини 0,786 денари

Народната банка ја врати на крусната листа руската валута, по пауза од речиси два месеци. Според денешната курсна листа 1 рубља се менува за 0,78 денари, за разлика од пред два месеци кога чинеше 0,52 денари. Гувернерката Бежовска вели направени се сите потребни измени и сега нема пречки Македонија да тргува во рубљи.

„Воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот. Се што беше од Централана банка како регулатива направена е измена минатиот месец и компаниите кои што се увозници на гас веќе немаат никакви пречки во делот на навременото снабдување. / Сите предуслови се создадени и не гледам никакви пречки за плаќање на начин на кој што е потребно.“ изјави Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на НБРМ.

Сепак според Гувернерката кризата ќе продолжи да ја турка економијата надоле, а инфлацијата ќе расте. НБРМ прави анализи па веќе следниот месец ќе се знае дали ќе презема мерки да ја затега монетарната политика. Бежовска тврди дека засега најава за рецесија нема, а денарот останува стабилен.

„Во тек се макроекономски проекции и ќе бидат завршени некаде средина на наредниот месец и врз основа на тие нови согледувања ќе донесеме одлука дали ќе реагираме повторно со монетарната политика, кој инструмент би го користеле и со кој интензитет би реагирале.“ истакна Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на НБРМ.

Пред извесно време НБРМ ја зголеми основната каматна стапка за 0,25п.п. Останатите банки се уште немаат направено корекции на каматите и кредитите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*