(Видео) Путин: Воената операција во Украина спречи голем конфликт што би се одвивал на руска територија

Специјалната операција во Украина спречи голем конфликт што би се случил на руска територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин

Според него, сите задачи од споменатата воена операција ќе бидат реализирани.

„Повторно сакам да нагласам: сите задачи од специјалната воена операција што ја спроведуваме во Донбас и Украина од 24 февруари секако ќе бидат реализирани со цел да се гарантира безбедноста на Доњецката и Луганската народна република, на рускиот Крим и на целата наша земја во историска перспектива“, увери тој.

Според него, руските војници со своите решителност и херојство ја спречиле вистинската закана што ја надвиснала земјата.

https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/04/video-putin.mp4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*