Во веста објавена на 26 мај 1903 година весникот Њујорк тајмс објавува информација за смртта на „македонскиот водач Делчев предаден на Турците од грчки шпион“. Весникот се повикува на извештаите на дописникот на Тајмс од Софија.
Весникот пишува дека четата на Делчев била опколена од голем број на турски војници кои по долга борба успеале да го убијат Делчев во селото Баница кај Серес. Убиени биле и од селани, пишува весникот.
„Делчев имаше 32 години. Тој беше учител и основач на сегашната Македонска организација која има свои организации ширум земјата“. Во информацијата пишува дека турската војска продолжила со акцијата во шест села, уапсени биле свештеници, учители и мажи од селата…




