Вискито се чувало да отстои минимум три години и дозрее во македонските дабови дрвени садови, па дури потоа се точело. Дабовите трупци кои Шкотланѓаните ги набавувале од Македонија биле со потекло од селото Белица (Кичевско). Транспортот на македонските буриња се правел преку Солунското пристаниште, а до таму на секои 15 дена 2000 грла стока од Македонија, натоварени со дабови трупци, се изнесувале до Солунските пристаништа. За ова пишувале многу патописци и постојат писмени записи архивирани во Архивот на Република Македонија, но и во Националната Архива на Шкотска.