Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19.Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски.Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска.Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки.Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден.Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка“.Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.
Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите
Оро со Џамбо Агушев најавува Бобан Илијевски
Кларинетистот Бобан Илијевски во интервју за ИН ТВ најавува неколку нови ора. Како што вели тој во моментов се подготвува […]
Кабинетот на Џафери: Одговорноста е кај тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката
Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од […]
МОМЕНТОТ КОГА ДАНЕЛА ПОБЕСНА-ДАНЕЛА, КОЈ Е АРКАН КЕРИМ – ПРАШАЊЕ ОД 160 МИЛИОНИ ЕВРА Арсовска фрли дрвја и камења по Мицкоски и побара тој да даде оставка (ВИДЕО)
Откако му се обрати со жестоки зборови Арсовска побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да поднесе оставка од раководството на […]
УБИСТВО ВО БИТОЛА: Дедо го убил поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка
Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот. Убиениот […]